-Публиката ќе има шанса да слушне преубави македонски ора и песни кои го потрвдуваат нашето постоење, идентитет и традиција. Гости на концертот се Оркестарот на народни инструменти „Цветан Димов"од Скопје,чии членови се мои ученици и добитници на многу први награди на фестивали од натпреварувачки карактер, а би ја издвоил „гран при" наградата од оваа година освоена на фестивалот „Пеце Атанасовски" во Прилеп и трите прекрасни вокали Габриела Јанушевска, Теодора Ѓоргиева и Анета Марковска Илиевска - вели Александар Јовевски.
Тој долго во себе ја носел желбата за самостојно претставување.
- Желбата одамна тлееше во мене, и еве дојде време да го реализирам и овој проект... Концертот е бесплатен и сите што се вљубеници на македонската изворна песна и оро ги канам да повелат на едно традиционално дружење преку песна и оро - вели тој.
Александар деновиве се вратив од Белград, каде беше гостин на концертот на триото Севдах Такхт,. Во Хрватска настапувал како дел од етно бендот „Афион".
Новиот музички материјал на неговата група „Монистра" е скоро готов и на пролет се планира негово издавање. Во декември групата ќе одржи концерти во Кавадарци и во Струга.