Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 12:48 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Продуцентот на Кјубрик ги охрабри македонските филмаџии

    Продуцентот на Кјубрик ги охрабри македонските филмаџии

    Филмот на Алтипармаков и на Гелева, седумминутно аудиовизуелно патување низ скопската фабрика „Макстил", беше прикажан пред предавањето на познатиот продуцент Јан Харлан, кој е проект-координатор на филмот. На предавањето во „Отвореното графичко студио" Харлан разговараше со нашите млади филмаџии


    Продуцентот Харлан на предавањето во „Отворено графичко студио"

    ЈАН ХАРЛАН НА ПРОЕКЦИЈАТА НА „И ФАБРИКИТЕ ИМААТ ДУША " 

    „И фабриките имаат душа" е насловот на заедничкиот филмски проект на режисерот Јане Алтипармаков и на фотографката Наташа Гелева, проект на кој координатор е продуцентот Јан Харлан, познат како десната рака на култниот режисер Стенли Кјубрик. Овој краток документарен видеоарт-проект, кој го прикажува амбиентот на фабриките низ земјава, снимен во фабриката „Макстил", беше премиерно прикажан во Отворено графичко студио деновиве, а Харлан беше гостин и предавач на проекцијата.

    - Имавме огромна чест да му оставиме впечаток на човек каков што е Јан Харлан, близок соработник на Стенли Кјубрик, кој е еден од нашите омилени режисери. Со него се запознавме на работилницата што ја одржа на ланскиот „Синедејс", кога му дадовме и копија од првичната верзија на филмот. Тој беше изненаден од идејата и прифати да биде проект-координатор на филмот. Ни даде насоки како да го направиме повпечатлив целиот проект - вели режисерот Јане Алтипармаков.

    Фабриката не е само мртва машинерија

    Краткиот филм на Гелева и на Алтипармаков е седумминутно аудиовизуелно патување низ скопската фабрика „Макстил", кое преку музиката на Игор Василев-Новоградска го прикажува процесот на производство на железо во фабриката, но од една поинаква перспектива.

    - Не ја прикажуваме фабриката само како мртва машинерија, туку како жив организам што пулсира и зрачи со енергија - вели Алтипармаков.

    Според авторите на филмот, фабриките се места што се фасцинантни самите по себе.

    - Првпат имав можност да влезам во „Макстил" и бев фасцинирана од целата глетка, од сиот тој оган што излегува од печката, бидејќи можат да се видат најразлични форми што се одлични за фотографирање. Добив многу идеи што веднаш посакав да ги пренесам преку фотографија - вели уметницата Наташа Гелева.

    Замислата за проектот ја имале уште од 2011 година.

    - Првичната верзија на „И фабриките имаат душа" траеше 28 минути, а потоа ја скративме на 14 минути. Одеше музика од странски автори. Оваа верзија беше прикажана на неколку наши фестивали. Планираме да го испратиме филмот на неколку фестивали за краток филм надвор од земјава - вели Алтипармаков.
    На официјалната премиера во „Отворено графичко студио", во организација на здружението ИНКА и „Синедејс", присуствуваше и Харлан. 

    - Од една спонтана средба се случи денеска заедно да гледаме филмови и да дискутираме. Нашата соработка со Харлан нема да застане тука, ќе останеме во постојан контакт - вели Гелева.

    Кратките филмови може да бидат многу сериозни

    Јан Харлан е филмски продуцент, веќе познат на нашата публика од ланскиот „Синедејс", каде што беше член на жирито за најдобар филм. Како близок соработник на Кјубрик, но и приватно поврзан со него, како брат на неговата сопруга Кристијане Кјубрик, заедно ги создадоа култните филмски остварувања: 
    „Наполеон", „Пеколен портокал", „Полна воена опрема", „Бери Линдон", „Сјаење", „Очи широко затворени" и „Вештачка интелигенција" (во соработка со Стивен Спилберг). Харлан го режираше и документарецот посветен на големиот режисер, насловен „Стенли Кјубрик: живот во слики".

    На предавањето Харлан се осврна на актуелни теми за краткиот филм како отскочна штица за младите филмаџии, за раскажување на приказна само со звук и слика, како и за внатрешната фантазија како основа за целата уметност и наука.

    - Креацијата на еден филмски проект ја прави целата екипа, но имагинацијата останува на режисерот и на сценаристот, кои додека работат на проектот треба да функционираат како една целина. И кратките филмови носат силна порака. Тие, исто како и долгометражните филмови, можат да бидат многу сериозни - им порача Харлан на присутните.

    За проектот на Алтипармаков и на Гелева упати пофални зборови, а особено ја истакна музиката на Василев, додавајќи дека звукот е важна алатка во краткиот филм.


    Предизвик беше да се одговори на барањата на Кјубрик

    Легендарниот филмски продуцент со голема почит зборува за долгогодишното партнерство со големото име на светската кинематографија Стенли Кјубрик.
    - Кјубрик беше опседнат со деталите. Со години работеше на подготовките на своите филмови. Беше многу самокритичен и навистина беше предизвик да се одговори на неговите барања. Тој е еден од најголемите американски филмски уметници на својата генерација. Резултат на тоа е што сите негови филмови и денес ги гледа публиката со ист жар - вели Харлан за Кјубрик.


     
      
    Автор: Ивана Нолчева  Фотографија: Маја Јаневска-Илиева
     
     

       (Нова Македонија)
        25 ноември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 338 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024