Концерт на виртуозниот руски пијанист Гиндин
Големиот руски пијанист Александар Гиндин, вечерва, во 20 часот, ќе одржи концерт во салонот на Македонска опера и балет. На овој концерт Гиндин ќе изведе дела на Вивалди, Рахмањинов, Шуберт, Брамс и др
Критичарите и љубителите на музичката уметност едногласно го прогласуваат Александар Гиндин за еден од најталентираните и најуникатни пијанисти на денешницата. Во 1994 година тој стана најмладиот лауреат во историјата на реномираниот интернационален натпревар „Чајковски" во Москва.
- Гиндин е еден од највпечатливите руски пијанисти што ја носат титулата заслужен уметник на Русија, а концертите на „Охридско лето" само ја докажаа неговата величина. Покрај концертот, Александар Гиндин ќе одржи и семинар со студентите по пијано на Факултетот за музичка уметност - вели Гордана Јосифова-Неделковска, деканка на ФМУ и организаторка на концертот.
(Нова Македонија)
25 ноември 2013