(ФОТОГАЛЕРИЈА) ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКИ РУБИН
Денеска во 18 часот, во Порта Македонија ќе се одржи изложба на накит и предмети изработени од македонски рубин во масивно сребро, злато и во филигран. Ќе бидат изложени примероци - реплики на цветот подарен на принцезата од Пакистан во 2008 година, медалјонот подарен на емирот од Kатар. Изложбата е насловена "Моќниот знак на нашето срце". По 10-годишниот ангажман во промоцијата и едукацијата за природните кристали, минерали и скапоцени камења од локално потекло, Дејан Деко Шкартов дошол до сознание дека македонскиот рубин би можел да не претставува во светот.
По охридскиот бисер, сега го имаме и македонскиот рубин, вели тој.
Ова е првата официјална промоција на продавницата за накит "Деко". Најавен и настап на неколку члена од групата "Kлержо".