Фототипно издание на првиот превод на „Горски венец" на македонски јазик од Блаже Конески ќе биде промовирано вечерва во 20 часот во Кинотеката на Македонија, по повод 200-годишнината од раѓањето на големиот државник и
поет Петар Петровиќ-Његош. Ќе зборува академик Катица Ќулавкова. По промоцијата, ќе биде прикажан документарниот филм „Његош – една биографија, ноќ поскапа од два века" во режија на Бранко Балетиќ.
Манифестацијата ја организираат Кинотеката, Македонската академија на науките и уметностите и заедницата на Црногорците во Република Македонија.