Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2025-01-08, 5:42 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    “Корени“ ги награди најдобрите есеисти

    "Корени" ги награди најдобрите есеисти

    Списанието „Корени" од Куманово им ги врачи наградите за најдобрите есеи на тема „Духот на корените и идентитетот" на Ѕвонко Таневски од Македонија, Љилана Пантелиќ-Новаковиќ и Дејан Богојевиќ од Србија, Цонка Христова од Бугарија

    На Денко Малески му е врачено признание за негување на македонскиот политички есеј и слободната општествена мисла. 

    На вечерта, насловена „Ленче се враќа дома", беше промовирано и првото печатено издание на пиесата „Ленче Кумановче" и беше одбележана 85-годишнината од оваа пиеса на Васил Иљоски. Благодарници добија актерите што играле во оваа комедија на Кумановскиот театар од 1971 година: Љубица Гојковиќ, Илија Струмениковски, Лилјана Георгиева, Ѓорѓи Андов и Љупка Варџиска. 

    -Полијазичното списание „Корени" излегува веќе 11 години и е единствен претставник на земјава во престижната европска ревија на културни магазини „Еурозине". Има одличен одѕив на конкурсот за есеј, кој како жанр посебно го негуваме - вели Димитар Масевски, уредник на списанието. 

    Во почетокот на месецов излезе од печат и новиот број на „Корени", со првото печатено издание на пиесата „Ленче Кумановче". Во историјата е запишано дека тоа е првото драмско дело во кое јавно прозвучел македонскиот јазик. Со оглед дека се работи за дело што целосно се однесува на Куманово и на кумановскиот дијалект, редакцијата на кумановското списание „Корени" реши оваа пиеса да ја издаде на изворниот говор, а покумановчувањето на текстот го направија Димитар Масевски, Татјана Арсовска и Среќо Митевски Думац. Текстот е илустриран со сцени од култната претстава на актерите на Кумановскиот театар од 1971 година. 

    Во овој број на списанието има и интересни прилози: интервјуто на Тамара Арсовска со Васил Иљоски од 1985 година, неколку прилози за вистинските херои на оваа пиеса од првата деценија на 20 век, како и прилози од Миљенко Јерговиќ, за трговците на Европа, Борис Везјак за востанието во Словенија, Сузана Николиќ за последната хероина од Куманово во НОВ. 
     
       (Нова Македонија)
        7 декември 2013
     
    Rating: 0.0/0
    Views: 254 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025