Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 10:19 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    „Вечна куќа“ прв чин: „Светот е малечок, ама Македонија е голема“

    „Вечна куќа" прв чин: „Светот е малечок, ама Македонија е голема"

    „Светот е малечок, ама Македонија е голема" со оваа реплика почна премиерата на претставата „Вечната куќа", по текст на Јордан Плевнеш и во режија на Дејан Пројковски, со која вечерва се отвори новиот дом на Македонскиот народен театар, изграден на местото на некогашниот Стар театар

     

    По завршувањето на првиот чин публиката ја поздрави со громогласен аплауз актерската екипа од МНТ, која успешно се вклопи на новата театарска сцена која дава технички можности, кои досега ги немало во останатите домашни театарски сцени.

    Претставата е визуелно добра со многу сценски ефекти и оригинални уметнички и технички решенија. 

    Од актерската екипа впечатлив настап има Искра Ветерова, која ја игра главната женска улога - бабата  Стела. Таа е Еврејка од Македонија, која по  многу години се враќа во куќата на левиот брег на Вардар, што го симболизира новиот театар.

    Со претставата „Вечната куќа", посочува Плевнеш, се остварува неговиот чеховски сон за една приказна за три жени, кои ги играат Искра Ветерова, Дарја Ризова и Драгана Костадиновска.

    Во таа пиеса главниот простор го има куќата која во оваа претстава на свој начин ја симболизира Македонија, која, пак, се претвора во центар во кој ќе се сондира секоја куќа во светот. Тоа е приказна за една жена која 60 години секој ден носела ливче на Ѕидот на плачот, барајќи да и биде вратена куќата. Но, кога девојката со сто клуча ќе влезе во куќата, од секоја соба излегува нов сопственик, кој тврди дека има непобитни докази дека таа е негова. Тоа е клучната тема на Македонија, но и на целиот свет, посочува Плевнеш.

    Според режисерот Пројковски, главниот лик во претставата Стела Бенвениста доаѓа од Ерусалим во Скопје и со тие сто клуча отворајќи ги собите, го отвора своето срце и тука почнува да патува и да ги бара одговорите на сите прашања, да ја отвори темата за Бог, за семејството, за човечкиот живот.

    На праизведбата на Плевнешовата „Вечна куќа" присуствуваат државниот врв предводен од претседателот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски, министри во Владата, пратеници, академици, истакнати културни работници, претставници на бизнис заедницата, дипломатскиот кор и други гости од јавниот и културниот живот на Македонија. 

    Официјалниот почеток на работата на новата театарска зграда ќе биде одбележан со уште две премиери на оваа претстава - утре и задутре, а до крајот на месецот ќе има уште осум репризни изведби. Од јануари МНТ ќе продолжи со својот редовен репертоар.

    Автор:В.Д.Фотографија:Игор Бансколиев

     
     
        (Нова Македонија)
         7 декември 2013
     
    Rating: 0.0/0
    Views: 291 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024