ЏЕЗ-СРЕДБА НА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ
Македонските инструменталисти Иван Иванов и Kирил Туфекчиевски заедно со врвните српски музичари Васил Хаџиманов (клавијатури) и Пеѓа Милутиновиќ (тапани), вечерва ќе одржат концерт во арт-киното „Фросина" во Скопје.
-Идејата за овој проект беше заедничка со басистот Туфекчиевски, со кој студиравме на Универзитетот во Грац, Австрија. Со него соработувам веќе долго време. Во тоа н` поддржа Министерство за култура на Република Македонија. Со Васил досега свиревме на почетокот на годинава. Уште тогаш договоривме да го претставиме овој проект и пред нашата публика. Тапанарот Пеѓа Милутиновиќ е член на „Васил Хаџиманов бенд", така што решивме со нив двајца да свириме во овој заеднички проект - вели Иванов.
Тој се надева дека соработката ќе продолжи. Иванов на публиката ~ е познат по својот „Џез-квартет", со кој сними и цеде со своја музика. По овој настап се надева на соработка и со некои американски џез-музичари од Њујорк како што се: Џастин Браун, Џастин Фолкнер, Џонатан Блејк, Арон Паркс и уште многу други. (С.K.С)
(Дневник)
12 декември 2013