Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 1:00 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Се подготвува ЦД-издание за Григор Прличев

    Се подготвува ЦД-издание за Григор Прличев

    Охрид - Библиотеката „Григор Прличев" од Охрид подготвува ЦД-издание за животот и делото на охридскиот преродбеник и лавроносец Григор Прличев, во авторство на директорката Александра Белевска. „Во изданието ќе ги поместиме највпечатливите фрагменти од најпознатата Прличева поема ’Сердарот’, како и други содржини од творечкиот опус и животните врвици на симболот на македонската преродба - Григор Ставрев Прличев. Најдобар повод и пригода за свечена промоција ќе биде одржувањето на традиционалната манифестација ’Прличеви беседи’ на 6 февруари во Охрид", вели Белевска. Тогаш на Иван Василевски, автор на поемата во ракопис „Азбукословецот", ќе му биде доделена и наградата „Григор Прличев" за 2013 година за најдобра поема на литературниот конкурс што го распишаа редакцијата на „Просветно дело - Детска радост" од Скопје и Центарот за култура „Григор Прличев" од Охрид. 

    Според програмата за одбележување на датумот кога во 1893 година е упокоен значајниот претставник на македонската литература во 19 век, на 6 февруари пред неговата биста лоцирана кај библиотеката ќе се одржи пригоден говор. Предвидено е да се одржи и традиционалната „Охридска визита", како и панихида за Прличев. (В.М.)
     
       (Утрински Весник)
        15 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 230 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024