Фотографии од скопскиот земјотрес на изложба во Софија
Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија е отворена фотографската изложба „Половина век сеќавање - засекогаш" на Томислав Петернек во спомен на 50-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес.
Петернек е автор на фотографиите снимени во Скопје, непосредно по земјотресот од 26 јули 1963 година, а во Софија се изложени 22 антологиски фотографии, реализирани во соработка со Македонскиот центар за фотографија.
(Утрински Весник)
15 декември 2013