Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 10:29 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    ПО ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ХАЕМУС На археолошкиот локалитет Балаклија се кријат доцноантички град и голема ранохристијанска базилика

    ПО ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ХАЕМУС
     

    На археолошкиот локалитет Балаклија се кријат доцноантички град и голема ранохристијанска базилика

    Тимот на ХАЕМУС, центарот за научни истражувања и промоција на културата од Скопје минатиот месец откри нов археолошки локалитет Балаклија кај селото Мирковци на Скопска Црна Гора. Површинскиот увид покажаа дека тука има архитектонски градби од доцноантичкиот или средновековниот период, чии елементи се употребувале како дел од објектите од подоцнежните периоди. Тука можеби се крие еден сакрален објект, поточно ранохристијанска базилика од големи димензии.
    Според археолошката карта на Република Македонија во селото Мирковци, досега се регистрирани два археолошки локалитети. На топонимот Преку Река евидентирани се повеќе споменици, т.е. наоди од римско време кои се чуваат во Лапидариумот на Музејот на Македонија. Северно од селото, кај топонимот Шуманица, евидентирана е некропола од доцноантичкото време. При тоа е забележано дека во селските ниви се констатирани остатоци од гробови со гробни конструкции од камени плочи кои мештаните ги уништувале при обработката на земјата. Тие досега не се детално опишани и научно публикувани. Над самото село по пат на рекогносцирање е евидентирано утврдување од доцноантичкиот период.
    На влезот од Мирковци, во постарата црква на манастирскиот комплекс ,,Св. Илија” регистриран е мермерен бел столб од доцноантичка или средовековна градба, кој како сполија (градежни материјали и архитектонски елементи од постари градби кои се реупотребени во подоцнежните периоди како дел од некоја градба) е вкопан во левиот агол на објектот, на ниво на подот. Во нивата до манастирскиот комплекс можат да се пронајдат остатоци на керамички садови од средновековниот период и дислоциран и прилично оштетен архитектонски наод од бел мермер, кој веројатно бил дел од некоја градба.
    На околу 700 метри од манастирот ,,Св. Илија” се наоѓа релативно новата црква ,,Св. Богородица Пречиста”. Во дворот на оваа црква како дел од оградата повторно се наоѓа сполија, столб со големи димензии од карпа со вулканско потекло кој е прилично оштетен, но упатува на претпоставката дека најверојатно бил дел од некој објект од доцноантичкиот или средновековниот период, најверојатно објект од сакрален карактер. За ова неопходни се дополнителни археолошки сондирања или пак ископувања.
    Во самата црква покрај еден од ѕидовите се наоѓа дислоциран капител, кој бил дел од мермерна архитектонска пластика на ранохристијанска базилика. Наодот е прилично оштетен и изабен, што упатува на неговата секундарна употреба како сполија во други подоцнежни архитектонски објекти. Според остатоците од восок и перничето за седење на него, може да се согледа дека бил користен за разни потреби и намени поврзани со фолклорот и верувањата на луѓето. Капителот е масивен, тежок и обработен на двете бочни страни со различни сцени. На едната страна е претставен крст фланкиран од двете страни со волути, а на другата страна е претставен 41-от Давидов псалм, кој е еден од најфреквентните мотиви во ликовната декорација кај спомениците од христијанската епоха. Според димензиите, формата како и овалниот жлеб од горната страна, се работи за капител кој бил дел од мено на прозорец од ранохристијанска базилика со големи димензии, информираат од ХАЕМУС.
     
    „Присуството и формата на капителот од ранохристијанска базилика ни
    Василка Димитровска
     
    укажува на претпоставката дека во околината би требало да бараме остатоци од голема градба со сакрален карактер која најверојатно егзистирала во исто време со градот и некрополата", вели археологот и претседател на ХАЕМУС, м-р. Василка Димитровска.
     
     
     
       (МКД)
       16 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 281 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024