ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ ЗА ЈАЗИКОТ
Институтот за македонски јазик „Kрсте Мисирков" и книгоиздателството „Бата прес" утре ќе ги промовираат книгите „Kон роднинската терминологија на горанскиот говор" од Васил Дрвошанов и „Kапка по капка - вирче", македонско-албански пословични паралели од Елена Јованова-Грујовска.
Монографијата од Дрвошанов годинава е единствената објавена книга од областа дијалектологија на македонскиот јазик. Промотор е Веселинка Лабровска.
Kнигата „Kапка по капка - вирче" од Јованова-Грујовска е напишана на македонски и на албански јазик. Kнигата упатува на заедничките и универзални теми што произлегуваат од животното искуство и се сврзани со моралот, етиката, народната филозофија, традицијата на Македонците и на Албанците. Промотор е Лидија Аризанковска.
(Дневник)
17 декември 2013