ДЕНОВИ НА БЛАЖЕ KОНЕСКИ ВО ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ
Друштвото на писателите на Македонија од денеска до задутре организира Денови на Блаже Kонески, со што ќе му се оддаде почит на еден од водечките македонски поети, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
Денеска напладне членови на ДПМ ќе имаат заеднички настап со младите литерати од неколку училишта во Скопје во рамките на настанот со симболичен наслов „Час за Блаже Kонески". Утре напладне во Домот на македонските писатели ќе се одржи средба со наслов „Посланието на Блаже Kонески", на која ќе зборува академик Георги Старделов. Притоа ќе биде промовирано руското издание на последните шест стихозбирки на Блаже Kонески, неодамна објавени во Москва во превод на Олга Панкина
(Дневник)
18 декември 2013