Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 9:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Чествување на Блаже Конески во ДПМ

    Чествување на Блаже Конески во ДПМ

    Со свечен собир насловен „Посланието на Блаже Конески" денеска Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) му оддаде почит на големиот поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист и преведувач Блаже Конески

     

    Веле Смилевски, претседателот на Собранието на ДПМ за Конески рече дека тој е најблескавата творечка вертикала на македонската литература и култура во втората половина од 20 век.

    -Блаже е еден од основоположниците на ДПМ и прв претседател на македонската писателска асоцијација. Денеска одбележуваме 92 години од раѓањето и 20 години од неговото физичко заминување, а денешнава средба е наречена „Посланието на Блаже Конески" по повод 25 години од објавувањето на стихозбирката  „Послание", истакна Смилевски.

    „Послание", додаде Смилевски, со сите свои особености е тестаментална книга.

    -Посланието на Блаже Конески е директно упатено на суштината на прашањата што се негов предмет. Сето битие на човекот, неговата идентификација е во искажаниот збор, мисла, порака на една животна драма... Неговата поезија доаѓа длабоко со доживеаната вистина за смислата и бесмислата на животот, таквата поезија не освојува со својата постојана свежина и не обврзува да се враќаме на нејзиниот постојан жив извор, истакна Смилевски.

    Академик Горѓи Старделов за делото на Блаже Конески рече дека со него Македонија го допре врвот на  европската и светската лингвистика и поезија.

    -Без него и неговото дело не би биле сиромашни само за еден човек,  туку за цела епоха. Конески во македонска култура спаѓа меѓу оние личности што во културите на своите народи оставаат печат на својата епоха, како што се Гете, Шевченко, Његош, Пушкин... истакна Старделов.

    За лингвистичкото, литературно историското и поетското дело на Конески, Старделов рече, дека тоа во нашата нова културна историја, стана најтемелниот и најтрајниот духовен постамент на новата македонска епоха во 20 век.

    На собирот беше промовирано руското издание на последните шест стихозбирки на Блаже Конески, што неодамна се објавени во Москва, во превод на Олга Панкина, а отворена е и изложба на слики од  Панкина, инспирирани од поезијата на Конески.

       (Нова Македонија)

        19 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 286 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024