Монографијата „Македонија. Милениумски културно-историски факти" од денеска е во продажба. Издавач е „Медиа Принт Македонија" и Универзитетот „Евро Балкан".
Монографското издание за историјата на цивилизациите на македонското поднебје содржи 28 тематски поглавја. За реализацијата на ова дело биле вклучени 26 истражувачи-врвни познавачи на македонската историја и нејзиното културно наследство. Нивните научни трудови се однесуваат за историјата, археологијата, историјата на уметноста, архитектурата и книжевноста, и се структурирани во четири дела.
Четиритомниот труд може да се најде во издавачките куќи „Икона", „ТРИ", „Матица Македонска", како и во специјализираната продавница за печатени медиуми „МПМ Прес".
(Дневник)
23 декември 2013