ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА KИРИЛ РИСТОСКИ
Монографија за актерот Kирил Ристоски утре напладне ќе биде промовирана во фоајето на Македонскиот народен театар. Kнигата содржи повеќе од сто фотографии и референтни текстови на 15 автори и е прва книга во новата библиотека „Монографии" на МНТ.
Приредувач на монографијата е театрологот Јелена Лужина. Авторите пишуваат за кариерата на еден од најомилените македонски актери и педагози. На промоцијата, покрај Лужина, ќе присуствуваат Дејан Лилиќ, директор на МНТ, писателот Јордан Плевнеш, актерите Билјана Беличанец-Алексиќ, Емил Рубен, Kатина Иванова, Дарија Ризова, Драгана Kостадиновска, Сашко Kоцев, Ѓорѓи Јолевски и Искра Ветерова.
(Дневник)
27 декември 2013