Во издание на „Феникс" деновиве излезе од печат новата хаику-книга на Христо Петрески, под наслов „Јаболко, инсект, номад". Во поднасловот на книгата е нагласено дека станува збор за триесет и три (не)случајни хаику-варијации. И, она што е посебно значајно за оваа книга, вели самиот автор, тоа е фактот дека книгата е илустрирана од самиот Петрески, односно содржи 40 авторски хаику-илустрации.
Инаку, Христо Петрески е автор на првата објавена хаику-книга во Македонија, магистрира на хаику-поезијата и се смета за еден од најдобрите познавачи на оваа форма кај нас.
(Утрински Весник)
27 декември 2013
|