Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 10:56 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Владимир Илиевски – сликар во потрага по светлината (1дел)

    Владимир Илиевски – сликар во потрага по светлината

    Сликарот Владимир Илиевски за „Светлосна материја", постановката што се одржа во текот на месец октомври во салонот на Домот на Армијата на Република Македонија, е добитник на наградата на ДЛУМ „Вангел Коџоман" за најдобро реализирана изложба во периодот 2011 – 2013 година.

     

    Владимир Илиевски, сликар.

    Владимир Илиевски, сликар

     

    Љупчо Јолевски

     

    Оваа награда за мене е посебна бидејќи доаѓа од потомците на големиот сликар и од моите колеги – Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ќе рече младиот Владимир Илиевски непосредно по добивањето на значајното признание – наградата „Вангел Коџоман" за најдобро реализирана изложба во перидот 2011 – 2013 година за својата постановка „Светлосна материја" што се одржа во текот на минатиот октомври во салонот на Домот на Армијата на Република Македонија. 

    Многу енергија потрошив на делата, но и на она што се нарекува нивно разместување, поставеност, па дури и на отворањето и каде таа би се одржала.


    Тој дополнува дека наградата ја чувствува како силен поттик и мотивација за вложување на што поголеми напори во она што го работи и вели дека во ниту еден момент не помислувал дека тоа ќе му се случи иако е свесен дека вложил многу енергија за да ја заокружи сопствената замисла во креирањето на настанот.
     

    „Искрено прилично долго ја спремав изложбата. И не само временски, туку и многупати и се навраќав на самата концепција. Многу енергија потрошив на делата, но и на она што се нарекува нивно разместување, поставеност, па дури и на отворањето и каде таа би се одржала. Се обидов да ја видам во неколку други простори, но конечно таа се случи во Дом на АРМ бидејќи за таму и беше замислена. Сега кога ќе се навратам мислам дека сето тоа одлично изгледаше и 

    Но дури и таму неможев да ја избегнам светлината и ефектот на светлината. Така да секогаш се поврзуваат темите и содржините се поврзуваат една со друга.

    задоволен сум посетеноста, од позитивните критики и најмногу од тоа што делата им се допаднаа на присутните."

    Роден 1989 година во Скопје, Владимир Илиевски најнапред го завршил Средното уметничко училишта, па потоа дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на одделот за сликарство во класите на професорите Вело Ташовски и Свето Манев, а под менторство 

    на Благоја Маневски. Работи слики, икони, мозаици и други сликарски техники. Го сликал фрескописот во црквата Свети Димитрија во Чешино, Кочанско, во Свети Прохор Пчински во село Стрезовце, Кумановско и во храмот Свети Илија во Скопје. Досега има реализирано четири самостојни изложби: „Фацизам" - Музеј на Робевци Охрид , „Џез" - Кинотека на Македонија, „Темно сино" - Галерија 8 и „Светлосна материја" - Дом на АРМ, а учествувал и на повеќе групни постановки во земјава и во странство.
     

    Rating: 0.0/0
    Views: 262 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024