Македонските уметници Маја Кировска и Ангел Миов влегуваат во редот на оние наши ликовни творци кои со секоја своја јавна пројава милуваат гласно и сликовито да ги претстават сопствените естетики и уште повеќе, своите согледби и промисли за светот што ги опкружува. Од таму, нималку не е чудно што и на нивното актуелно претставување во Националната галерија – во објектот Чифте амам се гледа како на уште една убава можност да се проследат нивните засебни тековни преокупации.
Со оваа потрага во самостоен проект мислам дека нема да продолжам, но овој концепт отвора многу други потпрашања кои можат да се разработат во помали инсталации и да се претстават на групни изложби.
Маја Кировска потенцира дека, слично на нејзината досегашна практика, во „Организми" нуди различни по облик дела кои формираат еден концепт. Всушност една голема инсталација која запоседна четири простории од Чифте амам и притоа како што се движи гледачот така пред него се распостила приказната.
Таа дополнува дека оваа нејзина изложба потегнува едно прашање кое таа го зачнала со нејзината претходна постановка „Температура, гравитација, циркулација" каде што всушност
се поставува прашањето – каде е границата меѓу она што е свесно и она што е несвесно? Каде почнува свесниот живот и оние суштества за кои ние сметаме дека имаат чувства и свест и каде е таа граница. Каде е границата помеѓу она што е органско и неорганско, живо и неживо.
Концептот на изложбата или прашањето кое го поставува е авторот наспроти своето дело, односно што е она што е заедничко меѓу авторот и делото. А, тоа е процесот на создавање на самото дело.
„Тоа се некои прашања за кои што луѓето поставиле некоја строга граница, меѓутоа дали постои таква класификација за да си ги олеснат работите и дали е тоа така едноставно да се направи таква поделба и од сите тие битија на овој свет како кон нив најетички да се постапува."
Уметницата вели дека се работи за втора фаза од нејзиното истражување, но не е сигурна дека во иднина би го работела како засебна целина.