Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 3:35 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Мала графика од светот по шести пат во Тетово

    Мала графика од светот по шести пат во Тетово

    На биеналната изложба отворена во Центарот за култура „Иљо Антевски- Смок" се изложени дела на графичари од сите континенти

    Гојко Ефтоски 

    Љубителите на уметноста, а особено поклониците на малата графика имаат можност да видат дел од светската елита на биеналната изложба отворена во фоајето на Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок" во Тетово, каде што буквално се изложени дела на графичари од сите континенти. На едно место се претставени 157 автори со повеќе од 300 уметнички дела од 32 земји, оригинални творби, што ја прави изложбата уште попривлечна. Графиките се изработени во најразлични техники, од класични, па се' до дигитални, но со различни стилски и творечки определби. Годинава наградата Гран-при му припадна на уметникот од Полска, Марсин Биалас, а добитници на другите награди се: Ризван Алити (Македонија) – прва награда, Ана Милосављевиќ (Србија) – втора награда и Павел Бинзиски (Полска) – трета награда. 

    На изложбата, која е отворена од 26 декември, а ќе може да се види и во следните две недели, се застапени уметници од Австралија, Аргентина, Уругвај, САД, Чешка, Бугарија, Естонија, Германија, Унгарија, Латвија, Полска, Романија, Русија, Украина, Тајван, Тајланд и од сите држави што произлегоа од поранешна Југославија. Најбројни се авторите од Тајланд, Полска и Македонија. Од сите досегашни изложби пак во Музејот на тетовскиот крај е оформена поставка од над 2.500 мали графики.

    „Низ сите дела разбирлива е идејата присутна кај сите автори, идејата за творечка самоидентификација. Некои од авторите ја презентираат метафизичката тишина на пустите урбани предели, други презентираат фрагменти од флорални мотиви и идилични пејзажи, третите, пак ги најавуваат ужасните звуци на пропаста – апокалипсата", истакнува Велимир Цветановски, виш кустос и организатор на биеналето. „Значаен фактор во создадените дела претставуваат симболите со кои се движат деталите на лицата и телата и мимикријата на боите. Со нивно посредување се добива ефект на тродимензионалност на претставената слика. Во тој кодиран систем на препознавање и одредување, се случува примарната ликовна идентификација на моделите кои одговараат на степенот на визуелизација и експресиите на доживувањето", рече тој. Организатор на веќе традиционалното Биенале на мала графика е Музејот на тетовскиот крај, а покровител Министерството за култура. (Г.Е.)

       (Утрински Весник)
        28 декември 2013 
    Rating: 0.0/0
    Views: 269 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024