Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 3:30 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Ја проголтала ли Јени џамијата црквата Св.Ѓорги?

    Ја проголтала ли Јени џамијата црквата Св.Ѓорги?

    НУ Завод и Музеј-Битола продолжи со реконструкција и конзервација на битолската Јени џамија во која од поодамна се пронајдени археолошки остатоци од стар век на сакрален објект.
    bitoladzamija1
     

    Пронајдениот материјал од археолозите упатува на поврзаност со легендата дека на просторот каде што сега се наоѓа џамијата, некогаш постоела црквата „Св.Ѓорги" бидејќи во досегашните ископувања и истражувања, меѓу другото, пронајдени се епископски печати во кои се споменува Свети Ѓорги, истакна Зоран Алтипармаковски, архитект, виш конзерватор од битолскиот Музеј.

    -Нашиот конзерваторски проект поддржан од Министерството за култура продолжува затоа што нашата цел е презентација на Јени џамија како археолошки локалитет и како галерија, функција која и порано ја имаше. Според проектот, се што досега е откриено во и надвор од џамијата ќе биде достапно за јавноста бидејќи ќе биде поставена стаклена галериска конструкција. Во следната фаза ќе го отвориме олтарскиот дел на џамијата, а во последната фаза ќе извршиме конзервација и реставрација на целата џамија, потврди Алтипармаковски.

    Од НУ Завод и Музеј-Битола информираат дека крајната цел на овој проект поддржан од Министерството за култура е битолската Јени џамија да биде налик на Аја Софија во Истанбул, истакна архитектот Алтипармаковски под чие водство деновиве завршија истражувањата на петрографскиот споменик врежан во карпа во мариовското село Скочивир.

    -Во една карпа над Црна Река во мариовското село Скочивир постои врежан натпис, петрографски споменик, кој до ден-денес не беше дешифриран. Натписот датира од раниот среден век и затоа изработивме елаборат за валоризација на овој споменик, фотодокументација и дешифрирање, а точниот текст за тоа што било напишано во периодот меѓу 5-ти и 6 век ќе го соопштиме за неколку месеци, посочи Алтипармаковски, виш конзерватор во НУ Завод и Музеј-Битола.

       (Денешен Весник)

        30 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 228 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024