Божиќен концерт на хорот „Света Злата Мегленска"
Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска" на 7 јануари во Соборниот храм „Свети Климент Охридски" ќе одржи концерт по повод божикните празници „Божик-Слава" 2014, јавува МИА.
На концертот ќе настапат и детскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј" од Велес, хорот на пловдивските момчиња „Стефка Благоева" од Бугарија и женскиот хор „Рустико". Гостин на концертот ќе биде сопранистката Весна Гиновска Илкова, а свечена беседа ќе одржи поетот Ефтим Клетников.
(МКД)
2 јануари 2014