Традиционален божиќен концерт во Универзална сала
Tрадиционалниот Божиќен концерт ќе се одржи на 8 јануари во Универзалната сала во Скопје. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката од познати автори и нивните дела, а во програмата ќе се изведуваат дела на Вивалди, Хендл, Моцарт, Чајковски, Запров и Барток.
Програмата ќе биде реализирана со настап на нашата позната примадона Весна Гиновска – Илкова, сопран, првенец на Македонската опера и балет, Хорското студио Рустико, а под диригентската палка на маестро Андреј Андреев, познат бугарски диригент.
Како и изминатите години се очекува концертот да предизвика големо внимание кај македонската музичка публика, љубители на класичната музика, и Универзалната сала да биде исполнета до последното место. Минатата година за концертот се бараше карта повеќе.
(МКД)
2 јануари 2014