Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 2:46 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Не можеме да зборуваме ни за маглата, без да западнеме во политичка дискусија (2дел)

    Не можеме да зборуваме ни за маглата, без да западнеме во политичка дискусија

    Во збирката „Тајна мисија" се поместени и компјутерски колажи. Како дојдовте на идеја да се изразите на ваков начин со оглед на тоа што не  и` припаѓате на „компјутерската генерација"? 

    -Ликовниот израз отсекогаш ме привлекувал и иако дел од колегите беа изненадени кога реков дека ќе правам изложба на мои дела, побројни беа оние кои рекоа дека секогаш биле убедени дека тоа еден ден сигурно ќе се случи. Уште во мојата прва есеистичка книга „Врсници" (1971 г.), го следев творечкиот пат не само на оние мои генерациски сопатници во  литературата, туку и на оние од областа на ликовните уметности. Во подоцнежните години напишав и две книги за сликарството. Кога мојот пријател, поетот и сликарот Роман Кисјов, ми предложи сам да го  илустрирам изборот од мојата поезија што тој го подготвуваше да го објави на бугарски, веднаш прифатив. Тоа почна како одговор на овој предизвик, но потоа стана „вистинска  страст". Компјутерот сам се наложи како средство со кое најефикасно го постигнувам она што сум го наумил. Долго не можев да го прифатам тоа електронско суштество и мислев дека можам да пишувам само со фломастер во тетратка без линии, но полека-полека се свикнав на тој помагач и научив донекаде да ги користам предностите што ги носи. 
    Имав среќа да најдам еден извонреден „компјутерџија", Никола Велков, кој ги разбираше моите замисли и лесно го наоѓаше патот кон нивното реализирање. Така настанаа моите колажи. Нивните мотиви се наоѓани, пред се`, по старите речници и енциклопедии, и во тоа царство на среденост и разум, преку комбинирањето на елементите, ја внесував идејата на несериозноста и алогичноста.

    На кој начин овие колажи се поврзани со вашето книжевно дело? Сликите генерираа раскази или обратно?
    -Моите колажи се раѓаат на сличен начин како и повеќето мои стихови. Го сакам неочекуваното. Одам на судири на спротивности или на откривање на дотогаш незабележани сродности. Од тој судир се раѓа изненадувањето кое е неразделно од хуморот. Во збирката „Тајна мисија" има и еден расказ што е проследен со колажи. Овој необичен „нацрт за роман со илустрации", со кој завршува  книгата, настана така што прво направив една серија колажи, а потоа ги наредив така што со својата низа да прават една приказна. Текстот го напишав според она што тие колажи ми го раскажаа.

    Насловот „Тајна мисија" е малку нетипичен за вашиот сензибилитет. Зошто токму ваков наслов ?
    -Тоа со „мисија" треба да се сфати со една, по малку хумористична интонација. Сакав насловот да асоцира на оној вид таинственост која ја среќаваме во стриповите, во „палп" литературата, во филмовите. Од стриповите за „тајниот агент икс-девет" читани во детството, до филмовите за „тајниот агент 007" кои се дел од митологијата на нашето време.

    Се чини дека суетите меѓу уметниците секогаш ги имало но најмалку се присутни меѓу писателите. Дали сте од оние луѓе кои сакаат да се дружат со луѓе од вашата бранша или пак се водите според сосема поинаков инстинкт избирајќи ги луѓето што ве опкружуваат?
    -Во овој миг, на македонската книжевна сцена веќе нема никакви траги од некогашните големи судири. Нетрпеливоста, доколку постои, се должи на новите политички поделби. Што се однесува до мене, успеав, наспроти сите турбуленциии, да сочувам неколку долгогодишни пријателства. А, покрај тоа, со  големо задоволство се дружам со младите писатели и проучувачи на литературата. Тие се најмалку затруени со влошените односи меѓу писателската бранша, најотворени во оценувањето на вредностите, најљубопитни. Преку нив сум во контакт со новите идеи, ги дознавам информациите за она што се случува во светот и премостувајќи го на некој начин генерацискиот јаз, се чувствувам нивни врсник.

    Релативно млади македонски автори како Гоце Смилевски и Лидија Димковска доживеаја голем меѓународен успех. Што е потребно едно дело да ги заинтересира странските издавачи?  Дали тоа е приказна која е универзална, а не локална, или напротив, некој егзотичен локален писателски сензибилитет и тематика?
    -Во времето кога Западна Европа ја откриваше јужноамериканската литература   кон крајот на 1950-тите и почеток на 1960-тите години, интересот одеше, речиси паралелно, и кон Борхес за кој важи првата премиса за која зборувате и кон Маркес за кој важи втората. Што остави подлабоки траги? Можеби Борхес, макар што за конечен биланс ќе треба да се почека. Се разбира, барем малку „локална боја", како што тоа се нарекувало во 19 век, е несомнено елемент кој книжевната јавност го очекува од едно дело што доаѓа од нему дотогаш непозната литература. Ќе речам една банална вистина: ако сакаме една книга да биде преведена во странство, важно е таа да биде добро напишана. Партиските клучеви тука не играат: „Тој е наш, тој треба да биде преведен!" Странскиот издавач тоа не го интересира. Ниту пак нашите тематски опсесии. Замислете некој да ви препорача роман кој зборува  за Шри Ланка, и да ви рече дека делото многу добро ги отсликува меѓуетничките односи помеѓу Тамилците и Синхалезите. Дали би потрчале да го купите тој роман? И уште две нешта: делото треба да биде преведено на странски јазик од припадник на таа јазична средина, и изададено од странски издавач, по можност угледен. 

    Велите дека за вас раскажувањето е радост. Како го одржувате тој младешки писателски и творечки дух?
    -Мојот рецепт е - жед по нови сознанија. Не ми е воопшто незгодно да речам дека се` уште учам и го надополнувам своето знааење. Ако еден ден речете дека сте научиле се`, тогаш со вас е готово.

       

    Автор: Мимоза Петревска Герогиева

      Фотографија: Дарко Андоновски

    (Нова Македонија)
    5 јануари 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 261 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024