Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 10:18 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    По 40 години се спасува уникатен фрескоживопис

    По 40 години се спасува уникатен фрескоживопис

    Заводот и музеј од Прилеп заврши со дел од конзерваторските работи за заштита на уникатниот фрескоживопис на црквата „Св. Никола" во селото Манастир во Мариово

    КОНЗЕРВИРАНА ЦРКВА ВО МАРИОВО

    Историчарот по уметност Благоја Атанасоски, советник-конзерватор од Заводот и музеј, вели дека ова е прва фаза во заштитата на значајниот фрескоживопис, единствен на Балканот.

    - Заштитата на фрескоживописот ќе се врши во три фази. Во првата го спасивме живописот во централниот и јужниот брод. Санирани се оштетувањата на сцените од житието на свети Никола. Ги отстранивме напукнувањата, паднатите делови и ги третиравме со соодветни материјали - вели Атанасоски.

    Реконзервацијата се врши по цели 40 години.

    - Црквата е изградена во 1091 година, а живописана е во 1271 година. Се работи за редок живопис, кој моравме да го заштитиме, бидејќи црквата е една од најстарите, монументална по волумен и по квалитет на живопис, што е реткост на Балканот. Следува уште чистење на солите, на наслагите и ретуширање - додава Атанасоски. 

    Прилепскиот музеј минатата година ја оцени како успешна. Реализирани се 25 проекти, од кои 18 од заштитата на културното наследство. Најважни проекти се реконструкцијата на опожарените конаци на манастирот „Трескавец", конзервацијата на локалитетот Стибера, реконструкција на покривите на црквите „Св. Никола" и „Св. Димитрија" во Варош, а завршена е и градбата на источниот конак на манастирот „Св. Архангел Михаил".                               

     
       
    Автор: Ка.М.
       (Нова Македонија)
       5 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 251 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024