Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 10:41 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Интервју Петко Дабески - Песните во проза првпат во антологија

    Интервју Петко Дабески - Песните во проза првпат во антологија

     

    „Антологијата ќе придонесе кон расчистување на поетичките контроверзии околу постоењето на овој автономен лирски жанр"

    Гојко Ефтоски

    Од неодамна на увид пред читателската јавност е и првата Антологија на македонска песна во проза „Бденија и виденија". Антологијата содржи обемен избор на песни од 52 македонски автори од сите генерации и поговор за поетичките и естетски одлики и вредности на овој лирски жанр во македонската книжевност. Според Вас, како нејзин приредувач, во што се состои оваа антологија?
    Со оваа антологија првпат се претставува поинтегрално пред македонската јавност еден значаен по обем и вредност сегмент на македонската лирика. Имено, наспроти шестдецениското присуство на песната во проза на македонската книжевна почва и нејзината успешна примена од голем број автори, песно-прозните остварувања во групен формат не се ниту парцијално ниту панорамски претходно прикажани во ниедна книжевна публикација. Според наведениот долг период на творечка преокупација на толку голем број македонски автори со песната во проза, нејзиното антологиско претставување не би било избрзано да се случи ниту пред две децении.

    Можат ли да се идентификуваат некакви објективни фактори како причина една ваква или сродна антологија што не се појавила порано? 

    Еден од факторите за доцнење со една ваква антологија несомнено е лоциран во се' уште ненадминатото поетичко разногласие, и кај нас и во светот, околу прашањето за жанровската автономија на песната во проза. Оваа дилема отпрво е поттикната од присутното користење на наративни средства и стратегии уште во песно-прозните творби на родоначалниците на европската песна во проза, а од осумдесеттите години на минатиот век дополнително е усложнета и со масовната појава на светската книжевна сцена на хибридни кратко-прозни текстови, пишувани, главно, од автори, и поети и раскажувачи, кои ги релативизираат границите на традиционалните лирски и раскажувачки жанровски позиции. Одразот на ваквите поетско-поетички замаглувачки процеси во последните три децении во македонскиот книжевен простор се манифестира како се' почесто напуштање на терминот песна во проза за своите песно-прозни творби дури и кај најзначајните автори на македонската песна во проза. Во вакви околности, без убеденост дека се поседува конзистентен и валиден концепт за суштинската природа на песната во проза како автономен лирски жанр, секој обид за правење антологија на песни во проза би наликувал на лесно завлегување во неисплатлива и ризична авантура, во ниет за прекрстување на „јарците од попот".

    Тогаш, под кои мотивациски околности сте се определиле сами да се зафатите со еден ваков деликатен проект?

    Би ја спомнал патем сопствената фасцинација во гимназиските денови со кинеската лирика, со библиските поетски текстови и со темелните дела од јужнословенската и светската песна во проза, барем како иницијална искра за проширување и продлабочување на сопствениот прв емотивно обоен интуитивен увид во волшепствата на песната во проза. Меѓутоа, од решавачко значење ми беше дополнително искусеното сознание преку личното пишување песни во проза, дека секоја лирска песна во слободен стих поседува песнопрозен двојник во нејзината конвертирана верзија од стих во проза и дека можното постоење на таквата песна во проза би ја нарекле лирска песна во проза, не може никој и со никаква поетичка еквилибристика да го доведе под какво било жанровско сомнение. Ова становиште е образложено во огледот „Жанровскиот пресек меѓу песната во проза и кусата прозна форма", објавен во списанието „Книжевна академија" бр. 4, Скопје 2004, а врз него се потпира и критериумот за разграничување на песно-прозните текстови од оние на кратката прозна форма, применет при обликувањето на оваа антологија на македонската песна во проза.

    Кои се Вашите очекувања за можната улога на оваа антологија по нејзиното објавување?

    Покрај обележјето на застапништво за лирскиот жанр што се претставува со неа, од појавата на оваа антологија, како прва од овој вид објава, подразбирливо е да се очекува и давање конкретен придонес за подрасчистување на дел од наталожените поетички контроверзии околу самото постоење на песната во проза како автономен лирски жанр во македонскиот книжевен простор и пошироко, да повлијае благопријатно и стимулативно врз развојот на понатамошното македонско песно-прозно творештво, а секако и да предизвика дополнителен интерес за едно ново, посеопфатно промислување и толкување на неговите суштински одлики и вредности.

       (Утрински Весник)
        8 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 289 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024