Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 11:07 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Куќата на Калеш Анѓа ќе стане етномузеј

    Куќата на Калеш Анѓа ќе стане етномузеј

    Општината Новаци во мариовското село Старавина почна реконструкција на куќата во која живеела легендарната Калеш Анѓа, опеана во народната песна и овековечена во книгата на Стале Попов

    Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски, најави дека градежните зафати се во рамките на проектот „Жива историја, жива природа", финансиски поддржан од фондовите на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.

    - Куќата во која живеела македонската хероина Калеш Анѓа е ѕидана од камен и од бела земја, автентична градба за овој крај, но во моментов е запуштена и обрасната со плевел. Објектот има претпростор и простории што некогаш биле наменети за сместување на семејството и нивните гости, а во сутеренскиот дел била чувана стоката. По завршувањето на реконструкцијата оваа куќа ќе биде адаптирана во етномузеј, кој ќе им биде достапен на сите посетители - посочи Котевски.

    Во рамките на проектот „Жива историја, жива природа", посветен на заштитата на културно-историското наследство, ќе бидат реконструирани и мостот и воденицата во селото Зовиќ, како и црквата „Св. Димитрија" во селото Градешница.
     
       (Нова Македонија)
        9 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 323 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024