Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 10:44 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Проекција на документарецот за децата-бегалци од Егејска Македонија

    Проекција на документарецот за децата-бегалци од Егејска Македонија

    Документарниот филм „Сведоци (Канада)", по сценарио и во режија на Атанас Чупоски, денеска премиерно беше прикажан во Кинотеката на Македонија. Од следната недела, пак, филмот ќе биде прикажан и на националниот сервис

     

    Вториот дел од „Сведоци" е автентично сведоштво за тешката судбина и личната драма на децата бегалци од Граѓанската војна во Грција, кои својот живот го продолжиле во Канада.

    - Во овој филм се забележани искажувањата на 93 соговорници, Македонци со потекло од Егејска Македонија, кои беа прогонети, дискриминирани и репресирани поради сопствениот македонски, етнички, јазичен и културен идентитет. Ова е нивната приказна, нивната животна историја која ни ја открива вистината и голготата со која се соочуваа децата - бегалци во почетокот на 20-тиот век - истакна пред промоцијата министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

    Проектот „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во 20 век", како што рече министерката за култура, е исклучително значаен. Почна во 2010 година и во неговата реализација беа вклучени бројни историчари и други стручни лица од Институтот за национална историја, Сојузот на Македонците по потекло од Егејот - „Македон", Сојузот на здруженија на децата прогонети од Егејска Македонија - „Незаборав" и Сојузот на стопанските комори.

    Во изминатиот период, документирани се и архивирани 650 животни приказни на децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција, како и на преживеаните учесници, кои денеска живеат во Македонија, Канада и во Австралија.

    Првиот дел од трилогијата содржи 427 интервјуа реализирани во повеќе градови во Македонија и беше прикажан пред македонската јавност во 2012 година. До крајот на годината се очекува да се заврши третиот сегмент кој ќе ги содржи 128-те потресни приказни на Македонците кои денес живеат во Австралија, снимени во текот на 2013 година. До 2016 година ќе се реализираат и интервјуа со децата бегалци од САД, Чешка, Полска, Албанија и други земји од Европа.

    - Сите овие искажувања, обемната документација што ја обезбедивме и што нашите соговорници ни ја подарија, наскоро ќе бидат презентирани и во постојаната историска поставка посветена на децата бегалци од Егејска Македонија, која ќе биде дел од Музејот на Македонија - рече Канческа-Милевска.

    За директорката на Кинотеката на Македонија Мими Ѓоргоска-Илиевска, проектот има за цел да се зачува културното и историското наследство од Егејска Македонија, поточно на протераните Македонци за време на Граѓанската војна во Грција.

    Автор:И.Н.

     
     
       (Нова Македонија)
        10 јануари 2014
     
    Rating: 0.0/0
    Views: 234 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024