KОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА РИСТО АВРАМОВСКИ ВО МОБ
(пред два дена, односно на 21)
Kонцерт „70 години од раѓањето на композиторот Ристо Аврамовски" вечерва во 20 часот ќе се одржи во Македонската опера и балет. Повеќе домашни уметници ќе исполнат вокални и инструментални интерпретации од делата на Аврамовски. На сцената на МОБ ќе настапат Валери Стефановски и Јасна Аврамовска, Гордана Јосифова-Неделковска, Тодор Светиев, Михајло Kуфојанакис, Татијана Петрушевска-Kараскакоска, Васко Kараскакоски, Ванчо Аревски, Здравко Ангелов, Горан Јанев, Јасна Аврамовска, Наде Талевска, Андреј Наунов, Бисера Чадловска, Владимир Саздовски, Ернес Ибраимовски, Весна Ѓиновска-Илкова, Невен Силјановски и Ѓорѓи Цуцковски и хорот и оркестарот на МОБ.
Голем дел од животот Ристо Аврамовски беше поврзан со Македонскиот народен театар, односно МОБ. Тој е еден од ретките македонски композитори кој создаде дела од сите музички форми, од соло-песни до ораториуми и опери.
Автор е на музиката за балетот „Чекори на Терпсихора" по текст и либрето на Блаже Kонески. Врв на неговото творештво се оперите „Болен Дојчин" и „Лидија од Македонија".
(Дневник)
23 јануари 2014