Во нова институција, музеј во Охрид на едно место ќе бидат собрани највредните и најстари македонски икони беа отстранети од иконостасите од селските цркви од струшкиот регион поради се позачестените кражби во овој регион.
Проектот за ваков музеј се уште е во фаза на подготовка но по неговото завршување и добивањето на сите дозволи ќе отпочне со реализација.
На овој начин македонското национално богатство од икони со непроценлива вредност ќе си најде свој во соодветен простор кој воедно ќе биде достапен и за граѓаните и туристите.
Македонските експерти идентификуваа 20 икони кои беа украдени во Албанија, додека во изминативе 5 години во струшко -дебарскиот регион крадците одзедоа 300 икони.
Македонската православна црква нема проценка колку вредни икони има по напуштените македонски села ниту пак соодветен регистар на иконичното богатство на Македонија.
(Дневник)
23 јануари 2014