Наташа и Петко Дабески
СОГИ, Шизенсаи (1421 – 1502)
По тревна патека / бришат утринска роса / жалните врби.
*
Само барање / стреа од пороен врнеж / ти бил животот!
*
Борјето го знае / во душа оскрбениот / по снегот врз нив.
*
Долго чеканата / душа на цветот црешов: / бргу замина.
*
Наспроти желбите / на штурците што стружат / тревите венат.
*
Темница не е – / но есента и дождот / се до прозорот.
*
Пред мене доба / на староста – / на што ли / да се потпрам?