ШОХАКУ (1443 – 1527)
Не помнам зашто / со неа на сон се скарав. / Ветер и трска …
*
Од ноќ во ноќи / трупав врз врело чело / корупки од мраз.
*
Сува ведрина. / А зошто ли ракавите / ми се толку влажни?
*
Макар и свенат – / од сè што ми остана / е букетот песни.
СОКАН, Јамазаки (1458-1546)
Без темниот крик – / белата чапја и снегот / би биле едно.
*
Откако го грабна / цветниот мирис црешов / луњата мина.
*
Пак полна луна! / Додади и сал рачка – / ете ти ладарка!
*
Студен ветер: / низ скинат прозорски картон – / есенски листопад.
*
Прашаат ли кај сум: / отидов на оној свет – / бргу се враќам.
*
Седната на лист / се враќа на стар напев – / старата жаба.
*
И ако студи – / не греј раце на огнот, / Будо од снег!