МОРИТАКЕ, Арикада (1472-1546)
Отпаднат лист ли / се вратил пак на гранка? / Не, пеперуга!
*
Зелени врби – / врз челото од брегот / исцртале веѓи.
*
Светот мој го снема! / Како мов од глуварка / и животот летна.
ШОХА, Сотомура (1521-1602)
На зајдисонце / долга сенка на страшило / на сред пат сама.
*
Не се најде кист / да го наслика мирисот / на цутот сливов.
ТЕЈТОКУ, Мацунага (1570-1653)
Од каква ли жал / бледило врз цутјето / на кајсијата?
*
Долго, долго пулам / на везбата врз зглавјето – / долга ноќ без сон.
*
Каква месечина! / Гледајте и уживајте! / Ќе спиете дење.
*
Ми студи од восторг, / не чуди се, гледајќи ги / снежинките од цут.
*
Еленско месо? / Полековит за срце е / рикот еленски.
*
Ми иде да врекнам / внимателно со огнот! – по светулката …
*
Секој го мазни / лиејќи од вознес солзи / цветот од лилјанот …