АНТОЛОГИЈА НА ЈАПОНСКАТА ХАИКУ ПОЕЗИЈА
СУТЕ – ЃО, Ден (1633 – 1692)
Сопствениот сјај / во водата – ги плаши / и светулките.
*
О, штурче мое! / И без да го испраќаш – / замина денот.
*
Толку врела и нежна / е скриената / женска кожа!
СОДО, Јамагуќи (1642-1716)
И ако празна – / колибата на пролет / е полна со сè.
*
Пролетен ден. / Над куќа склонопадна / стар врабец стои.
*
Мојата сенка / сама ме води дома – / по месечина.
(Македонија Презент)
3 февруари 2014