Во Културниот центар „Феникс" почнува традиционалниот Фестивал на чајот и читањето, кој ќе се одржува до 8 март. Во рамките на фестивалот ќе се одржат промоции, изложби, курс за креативно пишување, манифестацијата „Денови на прозата", а книгите ќе се продаваат со голем попуст.
Денеска во 11 часот издавачката куќа „Феникс" и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент" од Скопје ќе го одбележат роденденот на Гоце Делчев.
Притоа, на Олга Панкина свечено ќе ч биде врачена наградата „Гоцевата мисла" за нејзиниот севкупен придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, особено за големиот број преводи и објавени дела од македонски автори на руски јазик.
Свеченоста ќе биде збогатена и со отворање на изложбата „Концепт/концерт за гласно молчење и нечујно свирење".
(Дневник)
4 февруари 2014