Во Македонскиот културен центар во Москва деновиве се одржа литературната вечер посветена на книгите од македонските автори објавени во 2013 година на руски јазик.
Станува збор за „Послание. Поезија" од Блаже Конески, „Кога ни гореше под нозете" од Катица Ќулавкова и „Вежби за Ибн Пајко" од Оливера Николова, како и расказите од македонските автори објавени во списанијата „Иностранаја литература" и „Великорос", сите во превод на Олга Панкина.
Настанот е по повод 20 години дипломатски односи меѓу Македонија и Руската Федерација.
(Дневник)
4 февруари 2014