Балетската претстава „Жизел" во МОБ
Романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел" ќе биде изведен вечерва, во 20 часот, во МОБ. Праизведен во Париз во 1841 година, тоа е еден од ретките балети што имаат непрекината традиција на изведување
Во „Жизел" ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска во насловната улога, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Марта Петкова (примабалерина од Софија), Ангела Велевска, Јан Кисилев и Драган Пандиловски, како и комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ. Кореограф е Леонид Лавровски од Русија, а диригент Бисера Чадловска.
(Нова Македонија)
6 февруари 2014