Сцена од претставата
- Овој крал Лир е замислен токму според актерот Јордан Витанов. Мошне современ човек, кој го има проблемот на Лир, не станува збор дека тој е некој снеможен старец, туку тој е во една животна фаза кога се откажува од своето богатство и им го поделува на своите ќерки. Тоа во филозофска смисла е едно негово самооткажување, самоодрекување, негово заминување. Ќе видите што ќе се случи, драмата почнува токму од тој момент што се случува кога тој прави еден голем грев, кога ги проколнува своите ќерки - вели режисерката Ѕвезда Ангеловска.
Претставата се темели на два драматуршки проблема, на семејните односи и одговорноста на кралот, кој во исто време е лидер, водач, но и татко. Неговите дилеми и прашања дали постапил правилно, дали се кае, колку гревови направил и дали само тој ги сторил.
(Нова Македонија)
6 февруари 2014