Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 9:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    НАТАША KРАМБЕРГЕР, ПИСАТЕЛKА ОД СЛОВЕНИЈА СО ТАЛЕНТ НЕ МОЖЕШ ДА ОДИШ И ДА КУПИШ КОЛБАСИ (2дел)

    НАТАША KРАМБЕРГЕР, ПИСАТЕЛKА ОД СЛОВЕНИЈА

    СО ТАЛЕНТ НЕ МОЖЕШ ДА ОДИШ И ДА КУПИШ КОЛБАСИ

    Марина Лазаревска

    Периферијата или провинцијата секогаш имала интересни приказни, а мејнсрим-приказните веќе никого не го интересираат. На светот сега му треба една голема промена, а малите јазици се оние што маршираат напред со една нова парадигма, вели 31-годишната словенечка писателка Наташа Kрамбергер, која деновиве е во земјава по повод преводот на македонски јазик на нејзиниот роман „Небо во капини" во издание на „Икона". За оваа книга Kрамбергер ја доби Наградата за литература на Европската Унија во 2010, истата награда што ја доби нашиот Гоце Смилевски за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд". 

    Нејзиниот прв роман „Набо во капини" е објавен пред седум години, а с` уште се преведува токму поради наградата од ЕУ. Во меѓувреме напишала книга во рими, а во ноември ќе издаде нова книга која е збир од репортажи што ги пишува за разни весници и списанија. Kрамбергер објаснува дека наградата носи поголема препознатливост за авторите и создава книжевни мрежи. 

    Наградите ни значат повеќе отколку на Германците 

    - На пример, никогаш не би го запознала Гоце Смилевски да не беше оваа награда. Kонтактот со писателите кои творат во овој момент е нешто многу драгоцено за секој писател. Наградата ми ги подотвори хоризонтите и сега знам дека мојата литература не е само литература за Словенија, туку и за Европа и за светот. Поентата на наградата е да им се помага на помалите јазици во географска смисла. Но, треба да се направи уште повеќе. Имам пријатели од Германија или од Велика Британија кои ја добија оваа награда на кои не им значи бидејќи и претходно имаа преводи. Е, тука се гледа голем расчекор и има простор да се работи повеќе. Оваа награда мора да форсира некој систем во кој ќе ги повлече издавачите од поголемите земји – вели таа.

    Kрамбергер доаѓа од малото словенечко место Јуровски Дол, веќе 10 години живее во Берлин и постојано патува во светот. Основач е на еко-арт колективот „Зелена централа" за промоција на екологијата и уметноста. Токму нејзиното родно место влијаело најмногу на нејзиното пишување и на личноста.

    - Имав многу интересен дедо, кој никогаш немаше излезено од своето родно село. Но беше многу интелигентен човек и за секое прашање имаше одговор и знаење од секоја област. Тој е доказ дека човек може да остане на исто место, но за да биде широк, треба да биде љубопитен. Тој ми пренесе многу од својата љубопитност само што јас имав можност да патувам и сама да видам и доживеам нешто. Тоа се одразува и во моето пишување. Само така знам да пишувам и не би можела да пишувам поинаку бидејќи тоа е начинот на кој го гледам светот. Мојот свет во главата е многу дефрагментиран и идната година ќе напишам нов роман. Си реков, сега ќе напишам една линеарна книга, но тоа не одговара со мојата перцепција на светот. Нашите животи никогаш не се линеарни – вели таа. 

    За книгата ~ рекле дека е многу тешка книга и дека нормалните луѓе нема да ја разбираат. Направила литературна вечер во центарот на Јуровски Дол во една распадната куќа на која, како што вели, присуствувале нормални луѓе кои биле одушевени што следниот ден ~ носеле подароци во знак на благодарност. 

    - Оттогаш велам дека нема тешка и лесна литература, и нормални и интелектуални луѓе, туку има нешто што е добро и искрено. Тоа беше нешто најубаво што сум го доживеала не во Берлин, Париз, туку во малиот Јуровски Дол. Kога можете да допрете до луѓето од периферијата, оние што не читаат и не знаат за литература, и тие ви кажуваат дека е тоа добро, тогаш таму треба да продолжите да работите. Таму се менуваат работите, а нормално многу е потешко да се работи на нов терен – коментира Kрамбергер. 


    Rating: 0.0/0
    Views: 198 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024