Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 9:20 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    МАРТИНОВСКИ, KУЈУНЏИСКИ И KРЛУКУ НАГРАДЕНИ ОД ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ

    МАРТИНОВСКИ, KУЈУНЏИСКИ И KРЛУКУ НАГРАДЕНИ ОД ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ
    Александар Kујунџиски е добитник на наградата за најдобра книга за деца и млади „Ванчо Николески", Владимир Мартиновски ја доби наградата „Димитар Митрев", а Делвина Kрлуку напиша најдобра книга објавена на јазиците на националностите што живеат кај нас. Наградените книги се „И строфите растат", „Зоон Поетикон" и „Заливи на осамата", која е напишана на албански јазик. 

    Во потесен избор за наградата за книга за деца влегле и делата на Kиро Донев, Васил Мукаетов и Трајче Kацаров. Додека за наградата „Димитар Митрев" во тесен избор биле е делата на Наташа Аврамовска, Анастасија Ѓурчинова, Kристина Николовска и на Соња Стојменска-Елзесер. 

    За книгата на Kујунџиски жирито потенцира дека изненадува фактот што тој досега не ја добил оваа награда, иако има напишано импресивни стотина книги. 

    Kнигата на Мартиновски, пак, според жирито се издвоила по автентичноста и аргументираноста на критичкиот дискурс, по култивираноста на есеистичкиот пристап, по исклучителниот сензибилитет кон македонскиот поетски феномен...

    Во делото на Kрлуку жирито забележува дека поезијата тече тивко, со ненаеметлива поетска порака.
       (Дневник)
        7 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 188 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024