Скопскиот дувачки квинтет вечерва ќе одржи концерт во салата на Основната библиотека при Универзитетот „Ломоносов" во Москва. На концертот во Москва нашиот ансамбл ќе се претстави со композиции од Хајдн, Фаркаш, Бизе, Чајковски, Љадов и македонските композитори Прокопиев и Смокварски. Скопскиот дувачки квинтет е реномиран македонски ансамбл кој повеќе од 35 години успешно ја претставува македонската култура и музика, како низ земјата така и во странство. За својата успешна работа, низ годините се добитници на повеќе државни награди и признанија. Сегашниот состав на Скопскиот дувачки квинтет го сочинуваат Марија Јакимовска – флејта, Васил Атанасов – обоа, Ристо Ѓоревски – кларинет, Марјан Милошевски – фагот и Александар Гошев – хорна.
Концертот е во чест на одбележување на 20 години од воспоставување дипломатски односи помеѓу Македонија и Руската Федерација