Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-18, 7:17 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    ВИРТУОЗОТ ТРПЧЕСКИ ВООДУШЕВИ НА ДЕБИТО ВО СОФИЈА

    ВИРТУОЗОТ ТРПЧЕСКИ ВООДУШЕВИ НА ДЕБИТО ВО СОФИЈА 
    Македонскиот пијанист Симон Трпчески на своето деби во Софија на 7 февруари ја воодушеви публиката со изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 1 од Чајковски, како солист на Оркестарот на Бугарското национално радио, под диригентската палка на маестро Емил Табаков. Трпески на бис и' возврати на публиката која долго го наградуваше со аплаузи во исполнетата сала „Бугарија". Концертот е директно пренесуван на програмата на Бугарското радио, а е реализирана и снимка за Бугарската национална телевизија.

    „Со голема радост го очекував овој концерт од повеќе причини. Ми беше мило да ја прифатам поканата на маестро Табаков, кој е веројатно најголемото диригентско име во Бугарија во моментов и да свирам во Софија заедно со неговиот оркестар, Оркестарот на Бугарското национално радио. Соработката беше многу пријатна. Се изненадив што луѓето овде ја следат мојата кариера и подолго време го очекувале мојот настап, и тоа не само музичари и новинари, туку и публиката. Реагираа со овации и големи аплаузи, а и честитките што ги примав потоа до долго во ноќта покажаа колку е изграден односот кон класичната музика", изјави Трпчески за Македонско радио. Тој како куриозитет го наведе фактот дека претходната вечер и Софиската филхармонија со гостин од Русија го свирела истиот концерт на Чајковски, а салата двете вечери била полна. „Благодарен сум за убавиот прием од бугарската публика. Тој значеше покани за нови гостувања", изјавил пијанистот. 

    Честиот гостин на Македонската филхармонија, диригентот Емил Табаков, изразил задоволство што, конечно, со овој настап се реализирала неговата дамнешна желба. „Соработката е со големо задоволство и за мене и за сите музичари од оркестарот. Со Симон се запознавме за време на моите гостувања во Македонија, но за него многу слушав насекаде каде што настапував низ светот. Симон е исклучителна појава, уникатен музичар и пијанист од највисока класа. Вечерашниот концерт мислам дека беше празник за сите нас – и за музичарите и за публиката", изјавил маестро Табаков. (К.Р.)
       (Утрински Весник)
        10 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 184 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024