Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 10:13 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Снег до колена, до појас и над папок

    Снег до колена, до појас и над папок

    Со години немаше паѓано олку снег. Односно, првпат лично гледам олку снег.

    Сè друго се приказни од некои други времиња, кога моите родители или некои далечни предци правеле тунел низ грамадите снег за да стигнат од дом до дом. А сега буквално пропаѓам во снегот. Тешко се пробивам, качувајќи се по падината:

    Овде обично
    летам, а сега тонам:
    снег до колена.

    Со двајцата пријатели се менуваме. Еден го пробива патот, а на другите двајца им е полесно. По десетина минути се сменивме. Сега јас сум последен во малата колона. Се тетеравам собирајќи сили по напорното пробивање пат. Полека, но сигурно, заостанувам. Имам чувство дека не сум последен во колоната:

    Снег до колена.
    Одзади сетив врел здив:
    рунтаво куче.

    Сега добив совршено алиби за да застанам и да се окрепам барем малку. Му се вртам на белото куче и почнувам да го галам по главата. Веднаш ми доаѓаат нови, дотогаш скриени сили. Итам да ги стигнам пријателите.

    Како што се приближуваме до врвот, така станува сè потешко. Напредуваме како на забавена снимка. Секој чекор трае цела вечност. Се пентариме полека, како старци. Сфаќаме дека сега снегот е веќе до појас. Ене го конечно и врвот!

    Тргнуваме надолу. Снегот е веќе над папокот. Одеднаш почнуваме да трчаме со леснотија. Како деца. Со секој нов чекор како да се враќаме во детството:

    Нè обзема некаква луда радост, обично неразбирлива за возрасните. Трчаме по снегот и скокаме без ронка страв. Мокар до гола кожа, посакувам ова трчање и скокање да трае цела вечност. Толку силно трчаме што дури и кучето се откажува од идејата да нè следи...

    Трчам пред двајцата пријатели. Полека, но сигурно, им се оддалечувам. Како да ми е гајле дали некогаш воопшто ќе ме стигнат. Правам високи еленски скокови. За миг го чувствувам телото како тело на нескротлива шумска ѕверка:

    Трчам во снегот:
    за миг заборавам дека
    не сум елен.

     (Окно.мк)

     11 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 230 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024