По тој повод беше примен од градоначалникот Битола Владимир Талески, кој истакна дека публикацијата е вистински репрезент на градот, оригинално дело кое во иднина ќе биде претставувано на саемски манифестации или подарувано на истакнати гости кои ќе ја посетат Битола.
- Такец ја ситни десеттата деценија од својот живот, човек со исклучителна меморија, кој памети историски личности и настани и кој на креативен начин цела меморија ја вгради во монографијата „Перформансите на Широк сокак". Во монографијата се среќаваат факти што можеби никогаш не сме ги забележале за животот во Битола, Македонија, но и за Балканот. Преку оваа монографија и во иднина ќе ја славиме Битола и Широк сокак, местото кое како оска ги поврзува сите епохи наназад, фокусирани преку широката диоптрија на Димитар Димитровски-Такец, нагласи градоначалникот Талески.
Според авторот, монографијата е исполнета со музика, со зборови, со слики, со се што во својот живот тој напишал како автор и како новинар.
- Монографијата содржи 59 глави, а една од значајните е и „Од Монастир", првиот весник кој излегол од печат во 1878 година во првата битолска печатница, која била втора по печатницата во Солун. Пишував за нашето време, за многу градоначалници. Растев со поетиката на Ботев, кој велеше „кој е страшлив како баба, дома да си седи". Секоја глава е посебна студија, еден живот. Пишував со оригинален пристап, за да дадам нота и јасна порака, рече меѓу другото авторот Димитар Димитровски-Такец, кој на градоначалникот на Битола му го врачи првиот примерок од монографијата.
(Нова Македонија)
14 февруари 2014