Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 8:16 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    “Св. Злата Мегленска“ е на 24-то место од сто најдобри светски хорови

    "Св. Злата Мегленска" е на 24-то место од сто најдобри светски хорови

    Според диригентката на хорот Летка Димовска-Полизова, услов за квалификација на хорската олимпијада биле претходни настапи и освоени меѓународни први награди и сертификати на фестивали од „Музика мунди" и „Интеркултур", организатори на Светските хорски игри во Рига. Олимпијадата за нашиот хор ќе биде 18-та манифестација од ваков ранг на која сме учествувале

    Нашиот хор ќе учествува во шампионатот и ќе се натпреварува во три категории - црковна, световна и фолклор

    АКТИВНИ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ХОРСКАТА ОЛИМПИЈАДА ВО РИГА 

    Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска" ќе биде единствениот македонски хорски ансамбл што ќе ја претставува Македонија на претстојните Светски хорски игри, кои ќе се одржат од 9 до 19 јули во Рига, европската престолнина на културата за 2014 година. Хорската олимпијада, која годинава ќе се одржи осми пат, е најголемата светска хорска манифестација и ќе го заземе централното место меѓу низата настани предвидени во рамките на „Европскиот град на културата". 

    Од Министерството за култура велат дека учеството на хорот „Св. Злата Мегленска" на Светската хорска олимпијада е од исклучително значење за нашата земја, особено што Рига годинава е назначена за европска културна престолнина.

    Хорот ќе пее, но и ќе игра и ќе свири 

    Според диригентката на хорот Летка Димовска-Полизова, услов за квалификација на хорската олимпијада биле претходни настапи и освоени меѓународни први награди и сертификати на фестивали од „Музика мунди" и „Интеркултур", кои се организатори на Светските хорски игри во Рига. 
    - Во 2011 година се квалификувавме во Грац, каде што освоивме две златни и една сребрена награда и уште два сертификата што обезбедија директно учество на Олимпијадата. Покрај тоа, еден од важните услови е и да бидете дел од светската топ-листа на хорови до 500-то место, а ние сме на 200-то, додека во категоријата женски хорови сме на 24-то место меѓу 100 најдобри хорски ансамбли од светот - истакнува Димовска- Полизова, која со овие признанија доби и членство во светскиот хорски совет на диригенти на „Интеркултур". 

    Пријавените хорови ќе имаат можност да учествуваат во Шампионскиот натпревар (за меѓународни искусни хорови) и во Отворениот натпревар (за сите хорови). Нашиот хор ќе учествува во шампионатот и ќе се натпреварува во три категории - црковна, световна и фолклор. За овие категории хорот подготви посебна програма од комплексни дела, од кои најголемиот дел првпат ќе прозвучат во Рига. Програмата опфаќа композиции од Тодор Скаловски, Стојан Стојков, Александар Лековски, Драган Шуплевски, Запро Запров, Орландо ди Ласо, Лајош Бардош, Михаил Иванов, Артемиј Ведел и Франц Библ. Во дел од програмата хорот ќе игра и ќе свири на традиционални инструменти. 

    Конкуренција од над 460 хора


    Над 460 хора од 59 земји од светот ќе учествуваат на годинашната хорска олимпијада „Рига 2014" во Летонија, а половина од нив се од Европа. 

    - Со години се подготвувавме да ги донесеме Светските хорски игри во Рига, град што годинава е европски епицентар на културата и град што има силна и длабока традиција на хорското пеење - вели Гинтер Титш, претседател на „Интеркултур". 

    Според организаторите, Рига очекува над 20 илјади хористи од целиот свет. 
    - Вниманието во претстојните единаесет дена ќе биде насочено во интернационалните хорови, кои ќе се натпреваруваат во различни категории, а круната на целиот настан е големиот концерт на кој ќе настапат илјадници хористи на спектакуларната сцена „Межапарк" - велат организаторите. 
    Хорската олимпијада во Рига за нашиот хор ќе биде 18-та манифестација од ваков ранг на која учествувал. Хорот досега има освоено вкупно 24 награди во повеќе категории, и тоа: четири гран-при, девет злата, седум сребра, три бронзи, како и голем број признанија. 

    Над 200 настани низ целата година

    Со изведба на Вагнеровата опера „Риенци", главниот град на Летонија неодамна ја почна прославата на европската престолнина на културата за 2014 година. Во рамките на прославата, покрај брегот на реката Даугава, беа организирани парада на светлината и светски натпревар во огнени скулптури. Се одржаа и низа настани, меѓу кои и еден на централниот пазар во Рига, каде што љубителите на книжевноста направија т.н. синџир на вљубеници во пишаниот збор, замислен како долга колона, каде што Летонците од рака на рака ги префрлаат книгите. До крајот на годината се предвидени над 200 настани, а кулминацијата се очекува во јули, со почетокот на Светските хорски игри. 
    Рига, главниот град на Летонија, е клучен индустриски, трговски, финансиски и културен центар во балтичкиот регион. Познат е историскиот центар на градот со градби во стилот арт нуво и дрвена архитектура, кој е впишан на листата на светското културно наследство на УНЕСКО. Мултикултурата, пак, е одлика на градот од дамнешни времиња, кога таму заедно живееле луѓе од различни нации - Летонци, Германци, Полјаци, Руси, Швеѓани, Финци… 


     
      
    Автор: Ивана Нолчева / ivana.n@novamakedonija.com.mk
    (Нова Македонија)
    15 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 227 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024