Кинескиот актер Лијао Фан беше награден со Сребрена мечка за улогата на поранешен полицаец во истиот филм. Специјална награда од жирито на Берлинале доби американецот Вес Андерсон за филмот „Грандхотел Будимпешта". Оваа награда се смета за второ по големина признание по Златната мечка за најдобар филм.
Наградата Сребрена мечка ја доби американскиот режисер Ричард Линклетер за филмот „Адолесценција". Сребрена мечка за најдобра актерка доби Јапонката Харун Кароки за улогата на собарка во Токио за време на војната во филмот „Малата куќа".
Германците Ана и Дитрих Бригеман, брат и сестра, беа наградени за најдобро сценарио за филмската драма „Крстопат". Наградата за најдобра камера ја доби кинескиот уметник Јиан Зенг за драмата „Слепа масажа".
(Нова Македонија)
15 февруари 2014