ФОТО: Киро Попов
Од денеска до 14 април во Метрополис арената на Скопски саем се одржува 26. Меѓународен саем на книгата, на кој учествуваат над 70 издавачи.
На штандовите по саемски цени се продаваат книги од најновата издавачка продукција во Македонија и преводни изданија, различни жанрови - белетристика, научна литература, енциколпедии и речници, книги за деца...
Организаторите - Скопски саем и Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ) најавија учество и на странски издавачи - Бугарија, Албанија, Србија (претставувана од Народната библиотека), Италија и Шведска (преку нивните амбасади во Скопје) и Унгарија (Институтот Балаши од Будимпешта и Лекторатот по унгарски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“).
Во седумте дена на саемската манифестација ќе има секојдневни промоции и читања во Промотивниот центар на галеријата во арената Метрополис.
Мотото годинава е „Саемот на книгата - саем за љубовта кон пишаниот збор“. Работното време е од 10 до 20 часот, а цената на влезницата 30 денари и 20 денари за групни посети.
(Утрински Весник)
8 април 2014