Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 7:23 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    12/25 ноември СВЕТИ ЈОВАН МИЛОСТИВ

    СВЕТИ ЈОВАН МИЛОСТИВ

     
    Патријарх Александриски. Роден е на осторвот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше со александриската Црква како вистински пастир, чувајќи ја од незнабожците и од еретиците. Беше пример на кротост, милосрдие и човекољубие. „Ако сакаш благородство", велеше, „не барај го во крвта туку во добродетелта, зашто тоа е вистинското благородство". Сите Свети се одликуваа со милосрдие, но Св. Јован ѝ беше предаден на оваа Света добродетел. Еднаш служејќи Литургија се сети патријархот на Христовите зборови: „Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот" (Матеј 5, 23, 24) и се сети дека еден од клириците е зловолен кон него; тој брзо ги остави Светите Дарови, му пријде на тој клирик , му падна пред нозете и го замоли за прошка. И дури кога се измири со човекот се врати пред жртвеникот. Еднаш пак одејќи кон црквата на Светите Кир и Јован се случи да го сретне една бедна вдовица и почна да му говори за својата беда. Придружниците на патријархот почувствуваа здодевност од долготрајната поплака на жената, па му рекоа на владиката да побрза в црква на служба, а жената би можел да ја слуша и после службата. Свети Јован им одговори: „А како ќе ме послуша мене Бог ако јас не ја послушам нејзе?" И не сакаше да мрдне од местото дури не ја ислуша нејзината поплака докрај. Кога Персијанците удрија на Мисир, патријархот Јован седна во кораб за да се оддалечи од напаста. Патем се разболе и кога стигна на Кипар умре во својот роден крај, во 620 година. Неговите чудотворни мошти се пренесени најпрво во Цариград, а потоа во Будимпешта и најпосле во Пресбург.
     
    СВЕТИОТ ПРОРОК АХИЈА
     
    Од Силом. Пророкуваше 1000 години пред Христа. Му прорече на Јеровоам, слугата на Соломон, дека ќе се зацари над десет Израилеви колена (1 Царства 11, 29). 
     
    ПРЕПОДОБЕН НИЛ СИНАЈСКИ
     
     
    Најпрво беше префект во престолнината, во Цариград. Како женет човек имаше еден син и една ќерка. Гледајќи го порочниот живот во престолнината се договрои со жена му да се оддалечат од светот. Така и направија. Жена му со ќерката отиде во некој женски манастир во Мисир, а Нил со синот Теодул на гората Синајска. Полни шеесет години Св. Нил се подвизуваше на Синај. Напиша прекрасни книги за духовниот живот. Се упокои мирно околу 450 година, во осумдесеттата година на неговиот овоземен живот. Негово е светото слово: „Телесните страсти своето потекло го водат од телесните потреби и против нив е нужно воздржание; а душевните страсти се раѓаат од душевните потреби и за нив е нужна молитва."
     
    ПРЕПОДОБЕН НИЛ МИРОТОЧИВ
     
     
    Роден е во Мореја. Како јеромонах дојде на Света Гора заедно со својот чичко. Се подвизуваше како пустиник во пустото место наречено Свети Камења. Кога се упокои од него потече миро во такво изобилство, што од врвот на гората се слеваше во морето. Тоа чудотворно миро ги привлекуваше болните луѓе од секаде заради исцеление. Ученикот на Св. Нил му се пожали во молитва на својот духовен отец од мноштвото посетители. И мироточењето одеднаш престана. Свети Нил се подвизувал како ревносните светители во потполна смисла. Се упокои во 17 век.
    Rating: 0.0/0
    Views: 376 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024