Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 8:10 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    14/27 ноември СВЕТИ АПОСТОЛ ФИЛИП

    СВЕТИ АПОСТОЛ ФИЛИП
    Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така еврејскиот архиереј којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители на Филип. И многу други чуда се извршија, особено исцеленија на болни, заради што мнозина незнабожци поверуваа во Христа. Во Фригискиот град Јерапол Св. Филип се најде на заедничка работа со Св. Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј. Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабожците грижливо ја хранеа и ѝ се поклонуваа како на Бог. Божјите апостоли со молитва ја умртвија оваа змија. Со тоа врз себе го навлекоа гневот на помрачените луѓе. Озлобените незнабожци го фатија Филип и го распнаа на дрво главечки, потоа го распнаа и Вартоломеј. Тогаш земјата се отвори и го проголта судијата и мнозина други со него. Во голем страв луѓето притрчаа да ги симнат апостолите. Но успеаја да го симнат жив само Вартоломеј, Филип веќе беше издивнал. На крстените Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години. Подоцна моштите на Св. Филип се пренесени во Рим. Овој прекрасен апостол пострада во 86 година, во времето на царот Дометијан.
     
    СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА, АРХИЕПИСКОП СОЛУНСКИ
     
     
    Татко му на Григориј беше висок чиновник на дворецот на царот Андроник II Палеолог. Откако надарениот Григориј ги изучи светските науки не сакаше да се зафати со служба на дворецот, но замина на Света Гора и се замонаши. Се подвизуваше во Ватопед и во Лаврата. Водеше борба со еретикот Варлам и најпосле го победи. Беше посветен за митрополит Солунски во 1347 година. Се прослави и како подвижник и како богослов, и како јерарх и како чудотворец. Му се јавуваа наизменично: Пресвета Богородица, Св. Јован Богослов, Св. Димитриј, Св. Антониј Велики, Св. Јован Златоуст, ангелите Божји. Со солунската Црква управуваше тринаесет години, од кои една година беше во ропство кај Сарацените во Азија. Се упокои мирно во 1360 година. Моштите му почиваат во Солун, во прекрасната црква што му е посветена. 

    Тропар на Свети Григориј Палама

    Светилнику на Православието, тврдино на Црквата и учителу! Убавино на монасите, непобедлив поборнику на богословите! Чудотворче Григорие, славо Светогорска, и проповеднику на благодатта, моли Го Бога непрестајно да ги спаси душите наши.
     
    СВЕТИОТ ЦАР ЈУСТИНИЈАН
     
     
    Пo пoтeклo Слoвeн, oд oкoлината на Скoпјe. Слoвeнскoтo имe му билo Управда. На прeстoлoт гo наслeдил свoјoт стрикo Јустин. Гoлeмината на oвoј цар нeраздeлнo e пoврзана сo нeгoвoтo длабoкo правoславнo вeрувањe. Вeрувал и живeeл спoрeд вeрата. Вo Чeсниoт Пoст нe јадeл лeб ниту пиeл винo, нo сe хранeл сo зeлјe и пиeл вoда и тoа прeку дeн. Завoјувал прoтив дунавскитe варвари самo затoа штo oвиe ги кастриралe зарoбeницитe. Тoа гo пoкажува нeгoвoтo вoзвишeнo чувствo на чoвeкoљубиe. Срeќeн и успeшeн вo вoјнитe и вo рабoтитe. Изградил гoлeм брoј прeкрасни храмoви, oд кoи најубав oд најубавитe e "Св. Сoфија” вo Цариград. Ги сoбрал и ги издал римскитe закoни. Самиoт тoј сoздавал мнoгу стрoги закoни прoтив нeмoралoт и расипништвoтo. Ја сoставил цркoвната пeсна "Eдинoрoдeн Синe и Слoвe Бoжји”, кoја пoчнала да сe пee на Литургијата oд 536 гoдина. Гo свикал Пeттиoт всeлeнски сoбoр вo 553 гoдина. Мирнo завршил на 14 нoeмври 565 гoдина вo 80 гoдина oд свoјoт живoт и сe прeсeлил вo царстoвoтo на нeбeсниoт Цар.
    Rating: 0.0/0
    Views: 436 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024