Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 5:25 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    18/1 декември СВЕТИОТ МАЧЕНИК ПЛАТОН

    СВЕТИОТ МАЧЕНИК ПЛАТОН

     
    Од градот Анкира Галатиска. Роден и воспитан е како христијанин. Уште во младите години покажуваше големо совршенство во сите добродетели. Не ја криеше својата вера во Хиста, туку јавно ја проповедаше изобличувајќи ги идолопоклониците заради поклонувањето на мртви твари наместо на живиот Создател. Заради ова беше изведен на суд пред началникот Агрипин и беше многу малтретиран и мачен од него. Кога началникот почна да го советува да ја избегне смртта и да си го зачува животот поклонувајќи им се на идолите, Платон му одговори: „Има две смрти, привремена и вечна, но има и два животи, едниот е краткотраен, другиот пак бесконечен". Тогаш Агрипин го удри на страшни маки. Меѓу другото нареди и му полагаа усвитени железни ѓулиња на разголеното тело; потоа од кожата му лупеа каиши. Маченикот му довикнуваше на мачителот: „Мачи ме уште посвирепо, за јасно да се види твојата бесчовечност и моето трпение". Кога мачителот му го спомна на маченикот философот Платон како незнабожен философ, маченикот му рече: „Ниту јас сум му сличен на Платон ниту тој мене, освен по името. Јас поучувам и се учам на мудроста Христова, а тој е учител на онаа мудрост којашто пред Бога е лудост". Потоа беше фрлен во затвор, каде што помина без храна и вода осумнаесет дена. Кога стражарите се восхитија дека може да живее гладувајќи толку долго, Платон им рече: „Вие се наситувате со месо, а јас со свети молитви, вас ве весели виното, а мене Христос, лозата вистинска". Најпосле го убија со меч околу 266 година, кога прими венец на маченичка слава.
     
    СВЕТИТЕ МАЧЕНИЦИ РОМАН И ВАРУЛ
     
     
    Свети Роман беше ѓакон на Црквата кесариска. Еднаш тој ревносно го проповедаше Евангелието во Антиохија. Па кога беше некој идолски празник и антиохискиот началник Асклипијад сакаше да влезе во незнабожечкиот храм за да принесе жртва, Роман застана пред него и му рече: „Началнику, грешиш кога одиш кај идолите; не се идолите богови туку Христос е единствениот вистински Бог". Разјарен началникот го подложи Роман на маки, па светителот беше биен и стружен безмилосно. Во тој миг Св. Роман виде едно дете по име Варул и му рече на началникот: „И ова дете е поразумно од тебе иако ти си стар; тоа Го знае вистинскиот Бог, а ти не." Началникот почна да го испрашува Варул за верата и Варул ја изјави својата вера во Господ Исус Христос како во вистински Бог, наспроти лажните идоли. Тогаш Асклипијад нареди и малиот Варул го убија со меч, а Св. Роман го удавија во затворот во 330 година. Така обајцата го наследија Небесното Царство.
    Rating: 0.0/0
    Views: 450 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024